УЕФА ги одреди судиите за финалето на ЕУРО

Холанѓанецот Бјорн Кујперс ќе биде главен судија на финалето од Европското првенство помеѓу Италија и Англија, кое се игра во недела на Вембли.

За познатиот холандски судија ова ќе биде прво репрезентативно финале. Судеше во финалето на Лигата на шампионите во 2014. година, а во Лига Европа во 2013. и 2018. година.

На ова ЕУРО судеше на три натпревари, од кои два беа во групната фаза (Белгија – Данска и Шпанија – Словачка), а го предводеше и четвртфиналниот дуел помеѓу Данска и Чешка.

Покрај неговите стандардни помошници, четврт судија ќе биде Шпанецот Карлос дел Серо Гранде, а ВАР судија ќе биде Германецот Бастијан Данкерт.