Унаи Емери го одби тренерското место во Њукасл Јунајтед

Унаи Емери ја одби шансата да биде следниот тренер на Њукасл Јунајтед и изјави дека 100 проценти е посветен на неговата работа во Виљареал.

Шпанскиот тренер беше еден од кандидатите кои Њукасл ги издвои како најсериозни наследници на Стив Брус кој го напушти клубот минатиот месец.

50-годишниот Емери во пост кој го објави на социјалните мрежи вели: „ Благодарен сум на интересот за мене од страна на голем клуб како што е Њукасл Јунајтед, но Виљареал е мојот дом и 100 проценти сум посветен на мојата работа тука. 

Разговарав со сопственикот на клубот Фернандо Роиг и му ја пренесов мојата одлука да продолжам да бидам дел од проектот кој го започна со Виљареал и да искажам благодарност за љубовта и поддршката што ја добивам од клубот и навивачите.“