Унаи Симон собори рекорд стар 36 години

Голманот на Шпанија, Унаи Симон, го надмина рекордот од 476 минути без примен гол што го држеше легендарниот, Икер Касиљас од Светските првенства во 2010 и 2014 година.
Тој е сега со најдолга серија без примен гол на Светско првенство во дресот на „Фуријата“. Симон воедно стана и рекордер на Мундијалите откако дојде до 519 минути без погодок во неговата мрежа.
Шпанецот го надмина светското достигнување од 517 минути поставено од Валтер Зенга на Светското првенство во 1990 година. Италијанецот го држеше рекордот цели 36 години.