У-18: Ново реми во контролата со Унгарија

Репрезентацијата на Македонија до 18 години и на вториот контролен натпревар против Унгарија во Ѓер одигра нерешено 2:2.

Двете селекции отворено го започнаа натпреварот, тоа резултираше со брз гол на домашните фудбалери уште во шестата минута од средбата. Стрелец на погодокот беше Даниел Наџи Колозвари. 

Македонија успеа да погоди за израмнување во 33. минута со голот што го постигна Бесар Гуџуфи. Две минути подоцна нов погодок за нашата млада селекција. Никола Павлевски погоди за пресврт и предност од 2:1. Одигравме одлично прво полувреме, бевме подобар противник и заслужено имавме предност.

Во продолжението, унгарците одиграа многу подобро, нашата репрезентација се повлече, но не успеа да го одбрани водството. Репрезентацијата на Унгарија со погодок во 80. минута успеа да го изедначи резултатот преку Бенце Фабиан и да ги постави конечните 2:2. 

Најдобрата можност за нас во вториот дел ја имаше Бесар Гуџуфи, но за жал не беше прецизен.