Фабијани: Одигравме одличен натпревар, но грешките скапо нѐ чинеа

Кристијан Фабијани, тренерот на Вардар ги искажа своите импресии од мечот со Рига, кој вечерва „црвено-црните“ го загубија со 2-3 и си ја отежна задачата пред реванш мечот во второто квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Аргентинецот истакна дека на реваншот ќе мора да се сведат грешките на минимум.

„Денеска одигра Вардар подобро во однос на ривалот. Екипата одигра одличен фудбал. Грешките кои ги направивме не чинеа пораз. Вардар вечерва одигра подобро и од првиот меч со Купс, и подобро од мечот во Финска кој го добивме. Игравме меч против одличен противник и малку недостасуваше за добар резултат. Тие грешки мораме да ги сведеме на минимум, и ако одиграме вака без тие грешки, можеме да парираме на гости и да победиме“, рече Фабијани.

Фабијани истакна дека нема многу што да менува за вториот натпревар.

„Дадовме три гола во Финска, денеска дадовме два и малку недостасуваше да дадеме и трет. Одбраната беше добра, денеска имаше грешки на голманот. Не му замерувам на Талески, не е виновен за поразот. Многупати го спасувал Вардар, и затоа немам никакви замерки. Што се однесува до реваншот, нема што многу да менуваме, само ќе се обидеме да ги сведеме грешките на минимум“, вели Фабијани.