Филаделфија е новиот клуб на Леброн Џејмс

Легендарниот кошаркар Леброн Џејмс одлучи да ја заврши својата кариера во дресот на Филаделфија 76ерс, потврдувајќи дека 24-тата сезона во НБА ќе биде негова последна. Ова ќе биде четвртиот клуб во неговата долга кариера, која започна во 2003 година кога беше избран како прв пик на драфтот.

Џејмс претходно настапуваше за Кливленд во два наврата, како и за Мајами Хит и Лејкерс, чиј дрес го носеше од 2018 година до крајот на минатата сезона. Со оваа промена, тој ќе игра во најдобрата лига во светот до својата 44-та година, но сепак нема да го собори рекордот за најстар играч, кој од 1948 година го држи Нејт Хики со 45 години.

„Кралот Џејмс“ во својата кариера четири пати беше НБА-шампион, шест пати финалист и четири пати МВП во регуларниот дел од сезоната. Тој е сопственик на импресивна низа рекорди, вклучувајќи ја и титулата најдобар стрелец во историјата на лигата со вкупно 51.961 поен, сметајќи ги регуларниот дел и плејофот.