Филип Костиќ преговата за трансфер во Јуве

Јувентус е блиску до комплетирање на трансферот на Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт, пренесува „Билд“.
Преговорите меѓу двата клуба траат подолго време, а клубот од Торино му даде 15 милиони евра на српскиот крилен напаѓач, додека Ајнтрахт притиска за 20 милиони. Самиот Костиќ изрази желба да игра во италијанската Серија А.
Филип Костиќ е прогласен за најдобар играч во Лига Европа, кој го освои неговиот клуб Ајнтрахт. Кариерата на 29-годишниот фудбалер започна во Раднички Крагуевац, а потоа се пресели во Гронинген во Холандија и германски Штутгарт и Хамбургер пред да заигра за Ајнтрахт.