ФИФА размислува за нов термин на дуелот Мексико – Англија

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) сериозно ја разгледува опцијата за промена на терминот за осминафиналниот натпревар помеѓу Англија и Мексико, а главна причина за ваквиот чекор се лошите временски неприлики.

Според првичниот распоред, овој дуел требаше да се одигра во ноќта помеѓу недела и понеделник со почеток во два часот по полноќ. Сепак, новата идеја е средбата да се помести дури шест часа порано, односно во недела навечер од 20 часот.

Со евентуалната промена на саатницата, организаторите сакаат да го избегнат големото невреме кое е најавено токму за времето кога Англичаните и Мексиканците требаше да излезат на теренот.

Од ФИФА нагласуваат дека ова сценарио засега е само предлог и сè уште се чека за конечно решение.

Доколку се прифати новиот термин (недела, 20 часот), тоа ќе донесе и мала ротација во програмата, па така дуелот меѓу Бразил и Норвешка најверојатно би започнал во 23:00 часот, наместо во претходно предвидениот термин од 22:00 часот.