Фудбалер суспендиран на осум недели поради расизам
Фудбалерот на германскиот третолигаш Сарбрикен, Денис Ердман е суспендиран на осум недели поради расистички испад, објави германскиот фудбалски сојуз. Ердман е казнет бидејќи за време на натпреварот против Магдебург расистички го навреди противничкиот играч.
„Германскиот фудбалски сојуз не толерира расизам и дискриминација на терените и испраќа јасна порака. Поради тоа, казната мораше да биде висока.“ – порачуваат од фудбалскиот сојуз на Германија.
Дефанзивецот на Сарбрикен веќе пропушти два натпревари поради привремена суспензија, а тој период ќе му биде пресметан во казната. Ердман ги негираше обвинувањата, а неговиот клуб најави жалба.