Ф4 турнирот во Евролигата повторно ќе се игра во Германија

Завршниот турнир во Евролигата во сезоната 2021/22 ќе се одржи од 27 до 29 мај во Берлин, потврдија организаторите.

Полуфиналните и финалниот натпревар од елитното клупско натпреварување на „стариот континент“ ќе се играат во „Мерцедес Бенз“ Арената, која е со капацитет од 14.500 места.

Берлин претходно беше домаќин на најдобрите клубови во Европа во 2009. и 2016. година.

За потсетување, Фајнлфорот годинава се одржа исто во Германија, домаќин беше Келн без навивачи, а за прв пат во историјата титулата ја освои Анадолу Ефес.