Халанд верува во голем Мундијал за сенегалската репрезентација

Светското првенство во Катар е се поблиску па така и возбудата расте од ден во ден, интересна прогноза за Мундијалот сега даде Норвежанецот, Ерлинг Халанд.

Халанд беше запрашан за својот фаворит во Катар, а неговата изјава е и тоа како големо изненадување.

„Сенегал е најдобрата репрезентација во Африка, имаат одличен тим со фантастични играчи. Нема да биде изненадување ако одат до крајот. За мене тие се фаворити“, изјави напаѓачот на Манчестер Сити.

Останува да видиме како ќе помине оваа изненадувачка прогноза на Халанд. Светското првенство стартува на 19 ноември, а Халанд ќе потсетиме нема да настапи затоа што Норвешка не успеа да се пласира.