Хајдара од РБ Лајпциг ќе биде прво засилување на Рангник во Манчестер

Ралф Рангник сака во тимот да го види играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Амаду Хајдара, пишуваат медиумите во Манчестер.

Претставници на Манчестер Јунајтед ќе го следат 23-годишниот фудбалер на следните натпревари на Лајпциг со Унион Берлин во германското првенство и со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Англискиот клуб може да му предложи на Хајдара доовор уште оваа зима. Се знае дека износот на обештетувањето во неговиот договор е 40 милиони евра.

Ралф Рангник го иницираше трансферот на фудбалерот од Мали од РБ Салцбург во Лајпциг во 2018 година. Самиот Хајдара претходно призна дека сонува да игра за Манчестер Јунајтед. Оваа сезона Хајдара одигра 12 натпревари во германската Бундеслига и постигна 2 гола.