Хименез: Кога го дадов голот, погледнав кон трибините, но се сетив дека тој веќе не е меѓу нас

Раул Хименез со гол во второто полувреме ја завери победата на Мексико над Јужна Африка од 2-0, откако го даде голот потекоа солзи од неговите очи.

Солзите не беа само од емоции поради постигнатиот погодок, туку нешто многу подлабоко.

„Кога топката влезе во голот, првото нешто што го направив беше да погледнам кон трибините. Од навика, го барав татко ми… и во тој момент сфатив дека тој не е физички таму за да ме види како постигнувам гол на Светско првенство на домашен терен. Овој гол е целосно за него. Беше неверојатно емотивен момент, едноставно не можев да ги сопрам солзите. Четири Светски првенства го чекав овој гол и да го постигнам токму тука, пред нашите луѓе, е чудо“, рече Хименез.