Хулијан Алварез ќе биде нов член на Барселона

Сосема е сигурно дека екипата на Барселона во своите редови ќе го доведе играчот на Ривер Плата, Хулијан Алварез.

Претставници на каталонскиот клуб веќе се во Аргентина на преговори со челниците на Ривер Плата со цел доведување на популарниот „пајак“ на „Камп Ноу“ во зимскиот трансфер период.

Алварез е во последната година од договорот со шампионот на Аргентина и неговата откупна клаузула изнесува 25 милиони евра. Но од Барселона се надеваат дека за негово доведување ќе бидат доволни 15 милиони евра.

Хулијан Алварез е еден од најдобрите аргентински напаѓачи во моментов. Тој во шампионската сезона на Ривер Плата одигра 44 натпревари и забележа 21 гол и 7 асистенции.