Црвена Звезда го пријави Гаштаров за натпреварите во ЛШ

Црвена Звезда, ги пријави играчите на кои ќе смета во квалификациите за Лигата на шампионите. Тренерот на екипата, Дејан Станковиќ се реши да ја напаѓа групната фаза во најелитното клупско натпреварување без услугите на македонскиот млад фудбалер, Матеј Гаштаров. Гаштаров го нема на списокот на пријавени ниту на УЕФА, ниту на списокот кој го објавија српските медиуми.

Гаштаров (19) во петокот се најде на клупата за резерви за „црвено-белите“ во дуелот со Мачва кој првакот го доби со убедливи 5-0, но не доби шанса за настап.

За потсетување дека списокот на пријавени може да се менува од коло во коло, а тоа значи дека Гаштаров нема да биде во комбинација за дуелите со Ларне од Северна Ирска, а потоа повторно може да се дополнува списокот со нови играчи како доаѓаат следните ривали.

Пред неколку дена Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2029 година, при што стигнаа и честитки од страна на легендарните Дарко Панчев и Илија Најдоски.