Црвена Звезда доведува НБА засилување

Белградска Црвена Звезда е пред ангажман на играч со големо НБА искуство, станува збор за Грег Монро кој игра на центарската позиција.

Монро е поранешен играч на Детроит, Милвоки, Феникс, Бостон, Торонто и Филаделфија, во Европа играше за Баерн Минхен и Химки.

Според Лука Д’Алесандро кој е добро упатен во кошаркарските кругови, Монро е на прагот на потпис со клубот од Белград.