Червар прозиваше, Еурофарм Пелистер го започна новиот проект

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона.
Екипата денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови.
Еурофарм Пелистер во сезоната 2026/27:
Дојдоа:
Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе
Заминаа:
Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков
Пелистерци првата недела ќе работат во Битола, а потоа ќе заминат на базични подготовки во Словенија.