Шенгелија ја замени Барса со Дубаи

Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија го избрал Дубаи и покрај понудите од Олимпијакос, Фенербахче и Партизан.

Барселона исто така ќе заработи 900.000 евра од заминувањето на искусниот кошаркар.

Шенгелија сака да го нападне трофејот од Евролигата, а Дубаи го гледа како тим кој би можел да ги исполни неговите цели.

На неговиот избор влијаел и фактот дека тренер на клубот од „Емирати“ е Чави Пасквал, со кого имал добра соработка во Барселона.

Шенгелија минатата година просечно постигнувал 12,4 поени, 4,6 скока и 2,6 асистенции по натпревар.