Шкендија Арачиново одлучи да биде домаќин на „Чаир“

Шкендија Арачиново направи историски успех со пласманот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но овој тим нема стадион кој ги исполнува критериумите за натпревари од највисоко ниво.

Преку соопштение Арачиновци потврдија дека своите домашни натпревари идната сезона ќе ги играат на стадионот на Шкупи во Чаир.

„Со задоволство објавуваме дека ФК Шкендија Харачина постигна официјален договор со раководството на ФК Шкупи за играње на сите локални натпревари за новата сезона на стадионот Чаир“, стои меѓудругото во соопштението на Шкендија Арачиново.

На свој терен нема да игра ниту Шкендија Тетово. Тетовскиот стадион се реновира, а додека траа таа реконструкција тие ќе бидат домаќини во Гостивар.