Ѓоковиќ израмни рекорд на Федерер и ќе игра втора недела на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако со 3-1(7-5, 6-4, 1-6 и 7-6 (7-4)) го победи Артур Риндеркнеш, српскиот тенисер израмни и рекорд на Роџер Федерер.

Ѓоковиќ стигна до 105 победа на Вимблдон, израмнувајќи го рекордот на Федерер, за најмногу триумфи на овој турнир во машка сингл конкуренција.

Новак го доби првиот сет со 7-5, во вториот беше подобар со 6-4, следуваше негов пад, третиот сет му припадна на Риндеркнеш со убедливи 6-1. Во четвртиот пак се крена Ноле и го доби во тајбрејк со 7-4.

Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Сафиулин.

Лесна победа славеше Синер кој со 3-0 (6-4, 6-3 и 6-4) го победи Бруксби.

Италијанецот во осминафиналето ќе игра против јапонскиот тенисер Мухизуки.