Ѓоковиќ ѝ честиташе на Лина за историскиот успех

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, вели дека и дава поддршка на нашата Лина Ѓорческа која влезе на главниот дел на Вимблдон
„Да, го испратив нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше. Големи честитки за неа и за македонскиот тенис. Се надевам дека ќе може да им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на луѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека е се можно“ – вели Ѓоковиќ.
Србинот најави дека размислува да дојде во Македонија и да организира настан заедно со Лина и Калин Ивановски.