Ѓорческа освои пет гема, но немаше сила за сензација против Анисимова

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го одигра првиот, историски меч на Вимблдон. Македонката го даде најдоброто од себе, но шестата носителка Аманда Анисимова беше пресилна.
Ѓорческа го загуби мечот со 3-6 и 2-6. Македонската тенисерка имаше свои моменти во мечот во кои покажа зошто избори место меѓу најдобрите на Вимблдон.
Сепак, Аманда Анисимова е шеста најдобра тенисерка во светот и беше значително подобра во овој меч.
И покрај поразот, овој меч на Лина Ѓорческа ќе биде запишан во историјата на македонскиот тенис како прв настап на наш натпреварувач во женска или машка сингл конкуренција на грен-слем турнир.