„Јаде по 13 пати на ден и гледа Национална Географија“

Украинскиот напаѓач Роман Јаремчук зад себе има успешно лето, кое го одбележа со головите на Европското првенство и трансферот во Бенфика.

Но, неговата приказна не е интересна само поради головите и трансферот, туку и за животните навики за кои говореше неговата сопруга.

Јаремчук ова лето за 17 милиони евра се пресели од Гент во Бенфика, а претходно му помогна на Украина да избори пласман во четвртфиналето на ЕУРО. Овој 25-годишен напаѓач постигна два гола во пет настапи на ЕП, а минатата сезона постигна 23 погодоци во 43 натпревари за Гент.

За Бенфика сезонава одигра два натпревари, што беше доволно за еден погодок и две асистенции.

Португалските медиуми пренесуваат изјава на неговата сопруга Кристина, која говореше за неговите специфични животни навики.

„Тој јаде по 13 пати на ден и никогаш не е доволно. Сака да гледа Национална Географија во текот на ноќта, како и документарци за вселената и црните дупки. Напорно е да патува било каде.“ – опишува таа.