Јуве бара 20 милиони евра за продажба на Мекени

Јувентус спрема реконструкција на средниот ред и ќе ја отвори вратата на некои фудбалери од тимот. Италијанските медиуми пренесуваат дека „жртва“ може да биде Винстон Мекени кој ќе биде ставен на трансфер пазарот.

Со враќањето на Погба на терените, Мекени ќе добива уште помала минутажа, па Алегри дал зелено светло за негова продажба.