Јуве во вториот дел ја „скрши“ Венеција

Јувентус конечно одигра убедлив натпревар и славеше убедлива победа од 4-0 над Венеција.

Тимот на Спалети игра променливо оваа сезона, па денешниот убедлив триумф може да биде добредојден за самодовербата на фудбалерите на Јувентус.Реклама

Венеција се држеше во првото полувреме во кое ја сочува мрежата, но во вториот дел им се случи распад.

По одморот во игра влезе Волтемаде на местото од повредениот Алајбеговиќ и тоа се покажа како клучно.

По осум минути игра во вториот дел токму Волтемаде даде гол за водство на Јувентус од 1-0.

Шест минути подоцна Копмајнерс зголемува на 2-0, а брзо потоа гол даде и Кабал за 3-0.

Конечните 4-0 ги постави Коло Муани во 71. минута со гол од пенал.