Џеко: Апсолутно незаслужен пораз!

Поразот од 0:1 од Реал Мадрид е во целост незаслужен, изјави по натпреварот напаѓачот на Интер Един Џеко во кратката анализа на мечот од премиерното коло од групата Д во Лигата на шампионите.

Интер го дочека Реал Мадрид на Сан Сиро и беше подобрата екипа, но никако не можеше да постигне погодок со кој и би го потврдиле тоа. Единствениот погодок на натпреварот, доволен за три бода на Реал Мадрид, беше дело на Родриго во 89. минута.

Натпреварот веројатно ќе имаше различен расплет доколку Џеко искористеше една од трите шанси кои ги имаше пред противничкиот гол, но или Куртоа или одбраната на Реал го спречуваа да стане стрелец.

„Апсолутно незаслужен пораз. Заслуживме многу, многу повеќе.“ – рече Џеко по натпреварот додавајќи:

„Одигравме одлично, но тешко е кога нема да постигнеш гол.“

По првото коло од групата Д, Интер и Шахтјор се во вториот дел од табелата без освоен бод, а Шериф и Реал Мадрид имаат по три бода.