Норвежанецот Странд Ларсен потпиша за Кристал Палас

Лондонски Кристал Палас ги засили своите редови со напаѓачот Јорген Странд Ларсен од Вулверхемптон, во трансфер вреден рекордни 48 милиони фунти.

Палас ќе плати загарантиран надомест од 43 милиони фунти плус пет милиони фунти во бонуси.

Странд Ларсен зад себе има 61 настап во сите натпреварувања во неговите две сезони со Вулверхемптон, постигнувајќи 20 голови.

Кристал Палас веќе втор пат го урива клупскиот трансфер рекорд во зимскиот преоден рок, откако во јануари потроши 35 милиони фунти за Бренан Џонсон од Тотенхем.