Баерн го избра наследникот на Нојер

По 15 години, Мануел Нојер во наредната сезона веројатно нема да биде член на Баерн. Иако сè уште се преговара за додатна година на договорот со која големаниот великан би ја завршил приказната во клубот, големи се шансите овој чувар на мрежата да ги закачи ракавиците на клин.
Раководството на Баерн веќе размислува за потенцијалните замени. Со клубот од Минхен се поврзани многу голмани, а сега е тука уште едно име – Миле Свилар.
Чудесниот Србин брани навистина врвно во Рома. Без дилема е еден од најдобрите голмани во Европа во моментот и со одбраните привлече големо внимание.
Бројни клубови го сакаат 26-годишниот голман. Само од Англија интерес покажаа Челси, Тотенхем и Борнемут, па Баерн ќе има навистина голема конкуренција.
Свилар засега наводно нема намера да заминува. Во Рома има врвни услови, доби нов договор летото минато, но секако дека сè може многу брзо да се промени.
Понуда од Минхен не се добива секој ден. Местото на прв голман на Баерн е нешто навистина посебно и ќе видиме што ќе одлучи Свилар.
Цената на српскиот голман на пазарот е 35 милиони евра. Меѓутоа, Рома наводно сака дури 70 милиони евра, а германскиот великан е познат по тоа што не издвојува лесно големи суми што ги бараат клубовите.
Од друга страна, Англичаните се друга приказна. Тие фрлаат пари на сите страни и нема да биде чудо ако се согласат на условите на римскиот клуб.