Саша Боеј се врати во Галатасарај

Иако во поголем дел од Европа преодниот рок е затворен, во Турција клубовите сѐ уште имаат можност да ангажираат нови фудбалери, па тоа го искористи Галатасарај која се засили од Баерн Минхен.
Нов фудбалер на Галатасарај е Саша Боеј кој од Минхен се сели во Истанбул. Во Баерн тој не беше задоволен со минутажата бидејќи одигра само 15 натпревари и запиша една асистенција во купот, поради тоа и самиот имаше желба да ја промени средината.
Галатасарај се покажа како идеално решение. Боeј доаѓа во Истанбул како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а турскиот шампион ќе ја преземе целосната плата на играчот, која изнесува околу три милиони евра на годишно ниво, односно околу 1,5 милиони евра до крајот на актуелната сезона.
Во договорот е вклучена и опција за откуп, но конечната одлука околу неговата иднина ќе биде донесена по завршувањето на сезоната.