Алегри тре раце, Хименез и Бартезаги се враќаат од повреда

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрувачки резултати, пишуваат италијанските медиуми.
Левиот играч од средината на теренот доби истегнување на десното бедро кон крајот на вчерашната победа со 2:0 над Кремонезе, но направените тестови исклучија посериозна повреда. Така е можно Бартезаги да биде подготвен за дербито со Интер во недела, ако успее да ги продолжи тимските тренинзи во наредните денови.
Што се однесува до Хименес, неговите прегледи покажаа дека уште оваа недела напаѓачот може да продолжи тренинзи заедно со своите соиграчи, откако беше отсутен над два месеца поради операција на десниот зглоб.