Барса, Јуве, Галатасарај – веќе се лицитира за потписот на Бернардо Силва

Португалскиот фудбалер за врска Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, пренесуваат медиумите во неговата родна земја.

Во изминатите години повеќепати се говореше за негово можно заминување од клубот, а најчесто се поврзуваше со Барселона.

Тој беше многу блиску до трансфер во периодот кога Чави Хернандез беше тренер на каталонскиот тим, но тогаш не се реализираше договорот, ниту пак подоцна, иако клубот од „Камп Наоу“ и Португалецот останаа во контакт.

Барселона е прва на листата, но во последно време често се споменува и Јувентус.

Пречка за торинскиот клуб е платата, бидејќи не се подготвени да понудат повеќе од 6 милиони евра по сезона.

Секако, во игра се уште неколку опции, меѓу кои и Галатасарај.