Мармуш херој, Сити го исфрли Њукасл од ФА Купот

Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот откако со 3-1 победи на гостувањето кај Њукасл, Омар Мармуш е центарот на вниманието. Овој фудбалер досега има дадено 14 голови за Манчестер Сити, а дури половина од нив, односно седум се против Њукасл

Сити не почна добро, Њукасл со гол на Барнс во 18. минута поведе со 1-0. На пет минути до крајот на првиот дел Савињо изедначи на 1-1. Тоа беше резултатот од првиот дел. По две минути игра во второто полувреме Мармуш реализира за комплетен пресврт и водство на Сити од 2-1.

Конечните 3-1, Мармуш со својот втор гол на мечот ги постави во 65. минута.