Стојанов го реши Пелистер, Тиквеш плови кон безбедната зона

Фудбалерите на Тиквеш го совладаа Пелистер со 1:0 и ја забележаа втората последователна победа во првенството. Кавадарчани освоија нови три бода и повторно беа поуспешни во соочувањето со директен конкурент во трката за опстанок во Првата македонска лига.

Натпреварот беше решен во 38. минута, а стрелец на голот e Мартин Стојанов и тоа по асистенција на новото име во редовите на Тиквеш, Лусијанињо.

Стојанов можеше и претходно да се запише во листата на стрелците, но тој додавањето на Кристијан Стојкоски не го претвори во погодок..

Лусијанињо имаше огромна можност која му ја подготви Стојанов, Бразилецот се обиде со удар од „прва“, но ја погоди гредата на голот на Пелистер.

Во второто полувреме Пелистер се обиде да се врати резултатски во игра, имаше каква таква иницијатива, но не успеа да реализира барем за израмнување.

Шансата на мечот за гостите на имаше Вилдан Керим кој што на асистенција на Здравковиќ имаше „зицер“ ситуација која што напаѓачот не ја реализираше.