Гасперини: Ни недостигаше среќа на крајот од натпреварот

Тренерот на фудбалерите на Рома, Џанпјеро Гасперини, беше критички настроен кон играчите по поразот од Џенова во редовното коло во Серија А.
„Многу добро пристапивме кон натпреварот, бевме одлучни и обединети. Немавме многу шутеви кон голот а тие веројатно имаа уште помалку. Немавме среќа на крајот. Сега не чекаат нови обврски во Европа“, рече тренерот на „волчицата“.