Хамес Родригез хоспитализиран поради дехидрација

Капитенот на фудбалската репрезентација на Колумбија, Џејмс Родригез, кој изминатиот период настапи на контролните натпревари против Хрватска и Франција, е хоспитализиран поради дехидратација, објави денеска колумбиската фудбалска Федерација.
Триесетичетиригодишниот Родригез бил примен во болница во Минесота, откако се врати во американскиот клуб по репрезентативните настапи.
„Ден по натпреварот против Франција, тој покажа знаци на тешка дехидратација поради кои беше хоспитализиран“, се наведува во соопштението.
Родригез е под лекарски надзор и добро се опоравува.
„Важно е да се наведе дека оваа ситуација не е поврзана со повреди на мускулно-скелетниот систем или неговите фудбалски активности, посочи Федерацијата.
Родригез во неделата одигра 63 минути во поразот на Колумбија од Франција со 1-3 во Вашингтон, а два дена претходно беше во колумбискиот состав и во поразот од Хрватска со 1-2 во Орландо.