Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид

Македонскиот ракометен репрезентативец, Мартин Карапалевски, потпиша со ГРК Охрид до 2028.

Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm.

Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по 2 сезони, а пред тоа го носеше дресот на РК Вардар 1961.

“Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот.” – изјави Карапалевски.

Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона.