Арсенал најде лек за Симеоне и Атлетико и се „чекира“ во финалето на ЛШ

Фудбалерите на Арсенал го победија Атлетико Мадрид со 1-0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и се пласираа во финалето. Арсенал втор пат во историјата ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите, првиот пат пред 20 години загуби од Барселона со 2-1.
Ова беше уште една шаховска партија помеѓу Микел Артета и Диего Симеоне, а помудар беше Шпанецот кој резервираше билет за Будимпешта, каде што ќе го чека подобриот од двата натпревари помеѓу Баерн и ПСЖ.
Капитенот Букајо Сака го постигна единствениот гол во 45-та минута.
Виктор Ѓекереш центаршутираше од десната страна, Леандро Тросар ја прифати топката, упати силен удар, Јан Облак само накратко ја одби, а Букајо Сака ја смести во мрежата за 1:0.
Арсенал ја оправда улогата на фаворит, не само поради нерешениот резултат во Мадрид, туку и поради фактот дека се единствениот клуб без пораз оваа сезона во Лигата на шампионите (имаат 11 победи и три нерешени резултати).
Диего Симеоне и неговиот Атлетико тагуваат, беа многу добри оваа сезона во Лигата на шампионите, имаа свои шанси вечерва, но лондонските „топџии“ заслужуваат да одат во финалето.
Финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта на стадионот „Пушкаш Арена“.