Леклер ја призна вината: Донесов погрешна одлука

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, доживеа вистинска драма на трката за Голема награда на Мајами, каде од сигурен подиум падна на осмото место.
Возачот од Монако започна одлично и уште во раната фаза од трката покажа дека има темпо за највисок пласман. Во еден момент дури и го презеде водството, оставајќи впечаток дека може да се бори за победа.
Сепак, ситуацијата се искомплицира по излегувањето на безбедносното возило, кога редоследот на патеката се промени. По рестартот, Леклер се најде на третата позиција, зад Ландо Норис и Андреа Кими Антонели.
И покрај тоа, тој ја контролираше трката и делуваше сигурно на позицијата што води кон подиум. Во завршницата, притисокот се зголеми, особено од страна на Оскар Пјастри.
Леклер се обиде тактички да ја задржи предноста, но токму тогаш ја направи клучната грешка.
Во последниот круг, при агресивен обид да ја задржи позицијата, излета и го оштети својот болид. Иако успеа да продолжи, темпото значително му опадна.
Тоа веднаш го искористија ривалите, па беше престигнат од Џорџ Расел и Макс Верстапен. Првично ја мина целта како шести, но проблемите тука не завршија.