Луис Енрике: Бевме одлично подготвени за Баерн

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, вели дека е презадоволен со пласманот во финалето во Лигата на шампионите.
Неговиот тим вчера одигра нерешено кај Баерн Минхен и со вкупен резултат 6-5 го завери учеството во решавачкиот меч за пехарот.
„Многу сме среќни што стигнавме до второто финале по ред. Беше многу интензивно. Многу тешко. Баерн е на наше ниво а Арсенал е еден од најдобрите тимови во сезонава“ – нагласи тренерот на „светците“.