Синер го победи и Рубљев и граби кон уште една Мастерс титула

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Рим и ја забележа својата 32-ра победа по ред на турнирите од серијата 1.000.
Синер го победи Рубљов со 2-0 во сетови, по еден час и 32 минути тенис (6-2, 6-4).
Италијанецот го сруши рекордот на Новак Ѓоковиќ по број на победи на Мастерс турнирите по ред, откако Србинот имаше 31 во 2011 година.