Бендегуз Ковач од АЗ Алкмар на радарот на Јуве

Екипата на Јувентус може да се вклучи во трката за потписот на унгарскиот фудбалер, Бендегуз Ковач, кој игра за младинскиот состав на АЗ Алкмар.

Централниот напаѓач кој неодамна наполни 19 години, во јануари годинава го облече дресот на младинскиот тим на АЗ Алкмар и постигна осум голови во 14 настапи.

Ковач неочекувано се најде и на поширокиот списокот на селекцијата на Унгарија за контролни натпревари против Финска и Казахстан закажани за јуни.