Челзи по ниедна цена нема да го продаде Жоао Педро

Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, нема да и биде продаден на Барселона во текот на летото иако шпанскиот состав понудил 70 милиони евра.
„Сините“ од Лондон немаат намера да се разделат со одличниот Бразилец кој беше една од светлите точки во тимот во сезоната која полека привршува.
Напаѓачот се појави во 48 натпревари во сите конкуренции. Тој постигна 20 голови и направи 9 асистенции.