УЕФА парично го казни Атлетико Мадрид

УЕФА му изрече парична казна од 15.000 евра на Атлетико Мадрид. Причина за тоа е инцидентот што се случи на првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал.

Тогаш на стадионот – „Метрополитано“, домашните фанови фрлаа разни предмети на теренот, вклучително и тоалетна хартија.

УЕФА ги гледа тие постапки како опасни бидејќи може да ја загрозат безбедноста на играчите и на службените лица.