Прва реакција на газдата на ПАО по елиминацијата од Евролигата

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, се огласи откако беше елиминиран грчкиот гигант од Евролигата.
Патанаикос загуби на петтиот натпревар од четвртфиналната серија против Валенсија и со тоа не успеа да се квалификува за фајнал форот, кој ќе се одржи во Атина, оваа година.
Јанакопулос се огласи на социјалните мрежи, испраќајќи порака до навивачите преку „Инстаграм“ и велејќи дека клубот ќе се врати уште посилен.
„Дозволете ми да ви кажам нешто: горчината се лекува со уште поголема горчина. Поминавме низ многу такви тешки моменти и знаеме како да се извлечеме од нив“, порача Јанакопулос.