Левандовски ги потврди заминувањето од Барса

Корпулентниот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти новиот фудбалски шампион на Шпанија.

„По четири години предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. Си заминувам со чувство дека мисијата е исполнета. Четири сезони, три шампионски титули. Каталонија е моето место. Ви благодарам на сите што ги запознав на ова прекрасно патување во текот на овие четири години“ – објави Полјакот.

„Посебна благодарност до претседателот Лапорта што ми даде можност да го доживеам најневеројатното поглавје од мојата кариера. Барса се врати таму каде што припаѓа“, напиша Левандовски на социјалните мрежи.