Саид Ел Мал пред потпис со Брентфорд

Брентфорд достави официјална понуда до Келн за германскиот фудбалер, Саид Ел Мал, велат последните информации од Премиер-лигата.
Англискиот клуб е подготвен да плати фиксна сума од 40 милиони евра плус пет во бонуси. Дополнително, Келн ќе добие 15% од секоја наредна продажба на фудбалерот.
Спортскиот директор на „јарците“, Томас Кеслер, потврди дека добил понуда за 19-годишникот кој во сезоната постигна 13 гола и имаше четири асистенции во 34 натпревари од Бундеслигата.