Големото засилување на Вардар од Луксембург пристигна во Скопје

Напаѓачот кој треба да потпише за Вардар, Герсон Родригез пристигна во Скопје за да го комплетира трансферот во македонскиот шампион.
Родригез утре треба да ги мине медицинските тестови и тестовите за психофизичка подготовка, по што ќе стави потпис на договор со Вардар.
Се работи за 30-годишен фудбалер роден во Португалија, израснат во Франција кој е најдобар стрелец на репрезентацијата на Луксембург.
Потекнува од школата на Мец, од поголемите клубови настапувал за Динамо Киев, Троја, Сиваспор, Слован Братислава…