Вардарци замина на подготовки во Италија

Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска отпатува од Македонија кон Италија каде треба да ги реализира главните подготовки за новата сезона.

„Црвено-црните“ ќе бидат стационаирани во Норчиа, каде треба да се темпира формата за стартот на настапите во Лигата на шампионите. Вардарци го комплетираа ростерот за новата сезона под водство и на новиот стратег, Аргентинецот Кристиан Фабиани.