Жорж Жесус е нов селектор на Португалија

Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација, Жорж Жезус, изјави дека репрезентацијата се соочува со голем предизвик, но дека верува дека Португалија може да победи благодарение на квалитетот на играчите што ги има.

Жезус (71) беше претставен како нов селектор на Португалија, а тој ќе ја води репрезентацијата до 2030 година. Функцијата ја наследи од Роберто Мартинез.

„Денес започнуваме нова ера во ФПФ. Избравме нов тренер чиј профил совршено го одразува она што го сакаме за оваа нова фаза: лидерство, амбиција и резултати. Жезус денес ја презема задачата да ја подготви репрезентацијата, која ќе може да се натпреварува во претстојната Лига на нации, Европското првенство во 2028 година и Светското првенство во 2030 година“, изјави претседателот на Португалската фудбалска федерација (ФПФ) Педро Проенца, објавена на официјалната веб-страница на Федерацијата.

Жезус се заблагодари за довербата и можноста да ја предводи репрезентацијата на Португалија.

„Длабоко сум приврзан кон мојот португалски идентитет и сум неизмерно горд што сум Португалец. Сега сум тренер на 11 милиони луѓе. Јас и мојот тренерски персонал дојдовме тука за да победуваме. Јас сум тренер чија улога оди подалеку од работата на теренот за време на тренинг. Се подготвив за ова, така што работата нема да биде многу различна од работата во клубот“, рече Жесус на прес-конференцијата.