Ракометарите поразени од Данска на младинскиот шампионат на Европа

Трет натпревар и трет пораз за младата ракометна репрезентација на Македонија на Европското првенство во Романија.
Во последното коло од групната фаза избраниците на Игор Илиевски беа надиграни од Данска, која славеше со убедливи 34-20.
Скандинавците уште во првото полувреме направија солидна предност (15-8) и не дозволија Македонија да се врати во игра. До крајот само ја потврдија победата, оставајќи ги нашите надежи без шанса за позитивен резултат. На крајот Поповски и Гурмешевиќ постигнаа по четири гола.
Македонија во продолжение на шампионатот ќе се бори за пласман од 13. до 16. место.